Петар Печков
Објавено: среда, 25 септември 2013
Одлука за преместување на бистите од Младинскиот парк и Паркот на хероите и нивно поставување пред спомен обележјето Костурница е симната од дневен ред на седницата на Советот на општина Велес. Ова е по барање на советничката група на СДСМ која побарала дополнителни информации за предвидената Алеја.
Побаравме да се симне оваа точка заради тоа што не беше тука предлагачот, градоначалникот а имавме повеќе прашања кои сакавме да ги поставиме. И понудената локација не е соодветна за паднатите борци. Не е добро овие споменици да се отстранат од градското јадро и да се постават на место кое се посетува само за празници и објектот нема струја. Згора на тоа и не е така безбедно ако знаеме дека плочите со имињата на загинатите од велешко беа украдени – изјави Благој Коларов координатор на советничката група на СДСМ.
Минатата година по иницијатива на Сојузот на Борците од Велес сите спомен бисти на борците од НОБ се отстранија од јавните површини, откако претходно со години беа цел на крадци и вандали. Како решение за поставување тие ја посочија Спомен Костурницата. И тоа во долниот дел од скалилата кои водат кон споменикот, оти на него не е можно да се интервенира и поставуваат други детали, без согласност на авторот.
Барањето на советничката група на СДСМ поради нивна потреба од добивање на дополнителна информација е прифанато. Патем иницијативата е согласно законските процедури и по барање на Сојузот на Борци, локација која тие ја избрале. Нас како советници останува да ја почитуваме нивната одлука и да ја донесеме – изјави претседавачот на Советот Александар Колев.
Tweet |